Виновни за овој изум кој веројатно наскоро ќе дојде и кај нас се Јапонците. Јапонската компанија Бурбон почна да продава чоколадни парчиња пакувани како сирење Крафт. Секое пакување содржи пет парчиња дебели два милиметри.
Онлајн продавницата на Бурбон нуди нарачки од дванаесет пакувања по цена од 3240 јени (околу 25 евра). „Нама“ чоколадата е мека и има посилен вкус од млечната чоколада.