Тениите сами по себе се лоша вест. Влегуваат во луѓето, положуваат јајца и предизвикуваат симптоми како дијареа и слабост. И можат доживотно да го инфицираат телото. Но, докторите се шокирале кога дознале дека можат да сторат нешто уште полошо: да ги инфицираат луѓето со тумор!

„Бевме вчудоневидени кога дознавме за оваа нова болест – тении кои растат во внатрешноста на човек, заболуваат од рак и потоа го пренесуваат туморот на човекот“, вели д-р Атис Мјуленбахс.

„Во јануари 2013 година, 41-годишен човек од Меделин, Колумбија, се пожалил на замор, треска, кашлање и за само неколку месеци изгубил голема тежина. Во 2006 година му била дијагностицирана ХИВ инфекција. Човекот не ги примал своите лекарства за ХИВ и бил тешко инфицирн од џуџести тении, научно познати како Hymenolepis nana.

tapeworm

Паразитите, кои можат да пораснат до 4 сантиметри, вообичаено не предизвикуваат симптоми. Можат со години да се репродуцираат во луѓето. Ги носат до 75 милиони луѓе во целиот свет. Луѓето добиваат тении од јадење храна загадена со измет од глувци или инсекти, или доколку нечистотијата на друг човек инфициран со нив заврши во храната.

Пациентот беше многу болен, и неговата столица беше полна со јајца од тенија, а неговите бели дробови и лимфни јазли биле полни со мали тумори кои пред тоа никој не ги видел. Туморите изгледаа слично како човечки рак, но во лабораторијата се откри дека не се човечки.“

Додека истражувале, состојбата на пациентот се влошила и тој умрел неколку месеци подоцна. Тестирањата докажале дека малите тумори имале иста ДНК како и тениите.

За прв пат се открива паразит да шири рак. Вирусите и бактериите можат да предизвикаат рак, како човечкиот папилома вирус што предизвикува рак на грлото на матката и рак на дебелото црево и како што хеликобактер пилори бактеријата предизвикува рак на стомакот. Но никој не помислувал дека и тенијата може да го прави тоа, сѐ до сега.

„Мислиме дека ова е реткост“, вели Мјулебахс. „Но, ваквата тенија ја има низ целиот свет, исто како што и низ целиот свет има луѓе кои страдаат од инфекции како ХИВ кои го нарушуваат нивниот имунитетски систем. Така што, можеби многу вакви случаи минале незабележани. Ова дефинитивно е област која заслужува повеќе истражувања.“

Дури може да се случи инфекциите со тенија да бидат погрешно проценети како рак, велат истражувачите. Тениите можат да се елиминираат со лекарства, но не е јасно дали тие лекарства можат да ги исчистат и туморите, исто како што не се знае ни дали хемотерапијата би била ефективна против нив. Никој не ни претпоставувал дека тенијата може да предизвика рак, но клетките биле малигни.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено