Вселенскиот телескоп Хабл од НАСА открил дека претходно откриената егзопланета е речиси целосно црна. Било откриено дека апсорбира 94 проценти од светлината што паѓа врз неа, што е многу невообичаено. Егзопланетата се нарекува WASP-12b и се наоѓа на 1.400 светлосни години од Земјата.

Таа е „жешкиот Јупитер“, гасен џин кој орбитира неверојатно близу до својата ѕвезда домаќин. Се смета дека оваа планета има температура од 2.500 ° C на нејзината „светла“ страна. На својата темната страна, температурата изнесува околу половина од „светлата“.

Користејќи го Хабл, тим од научници предводени од Универзитетот Мекгил, Канада и Универзитетот во Ексетер, Велика Британија, откриле дека планетата има албедо или рефлексивност од само 0,064. Ова е потемно од асфалтот и ја прави планетата два пати помалку рефлективна од нашата Месечина, која има албедо од 0,12. WASP-12b била откриена уште во 2008 година и орбитира околу својата ѕвезда слична на Сонцето кон соѕвездието на Аурига. Оттогаш е проучувана многупати, но ова е прв пат да можеме да видиме како изгледа.

„Ние не очекувавме да пронајдеме таква темна егзопланета. Повеќето топли Јупитери одразуваат околу 40 проценти од ѕвездената светлина.“, изјавил водечкиот истражувач Тејлор Бел од универзитетот Мекгил и Институтот за истражување на екзопланети во Монтреал, Квебек, Канада.

Планетата е силно „заклучена“ од својата ѕвезда, така што би требало едната страна да е во вечна дневна светлина, а другата бескрајна темнина. Астрономите ја определиле нејзината боја гледајќи како планетата поминува зад ѕвездата. Ова им овозможило да откријат колку светлината се рефлектира од дневната страна, но забелешките покажале дека во суштина немало рефлектирано светло. Ова значи дека дневната страна ја апсорбира сета ѕвездената светлина која удира во неа.

Причината за ова се смета дека е тоа што облаците не можат да се формираат на дневната страна на планетата. Станува толку жешко што водородните молекули се расчленети на атомски водород, кој апсорбира повеќе од влезната светлина. WASP-12b орбитира околу 2 милиони милји од ѕвездата, завршувајќи ја орбитата во еден ден. Нејзината блискост не само што ја прави исклучително жешка, туку ја проширува планетата во форма на јајца. Ако би можела да се види планетата од блиску, таа ќе изгледа како да е црвена поради нејзината висока температура, слично на вжештен метал.

Сподели на Facebook
пати видено