Кравата била спасена од касапница и се отелила во засолниште за животни. Но телето се родило со очи, нос и уши слични на човечките, а телото му било нормално. За жал тоа починало само неколку часа откако се родило. Веднаш штом се расчула веста локалното население се упатило кон засолништето за да бараат благослов бидејки верувале дека телето е 24та реинкарнација на богот Вишну.
Тие се во план да изградат храм ткако ќе го кремираат животното. Поголем дел од луѓето веруваат дека се работи за чудо и дека неговото доаѓање е предвидено во Бхагавата Пуран, религиозен текст.
Ветеринарите пак немаат вакво мислење и тврдат дека се работи за сосема природна појава. Др. Ајај Дешмук вели: „Ова е случај на анатомска аномалија. Ако еден ген не се развие правилно или дојде до грешка, тогаш се појавуваат повеќе структурни деформитети, и таквите аномалии се случуваат. Оваа појава има научни причини и објаснувања. Нема потреба од празноверија.“
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.