Техника за да се предизвика луцидно сонување е независно потврдена за прв пат и може да биде уште поефикасна во комбинација со други техники. Повеќе од половина од учесниците луцидно сонувале за време на пробниот тест, а ова е рекордна стапка на успех за само една недела без користење на надворешна интервенција.
Луцидно сонување е термин кој им е даден на „сонувачите“ кои се свесни дека сонуваат. Иако во минатото се сметале за мит, науката потврдила дека постојат луцидни соништа и дека некои методи работат за да ги зголемат шансите кај луѓето да остварат ваквите соништа.
Сепак, некои од нив бараат современа опрема, додека други се далеку од сигурни. Д-р Денхолм Аспи од Универзитетот во Аделаида се прашувал дали со комбинирање на техниките може да се постигне поголем успех. Аспи вклучил 169 учесници во техники развиени за да предизвикаат луциден сон. Едно од овие тестирања на реалноста предизвикало луѓето да проверуваат дали се навистина будни. Со помош на „мнемонична индукција на луцидни соништа“ (MILD)учесниците поставувале аларми за да ги разбудат по пет часа и да рецитираат „Следниот пат кога ќе сонувам, ќе се сетам дека сонувам“ пред да заспијат. Од MILD исто така замислувале како би било да се биде во луциден сон.
Оние кои го испробале само тестирањето на реалноста, не пучувствувале ефекти, но оние кои го комбинирале тестирањето на реалноста со MILD, дури 53% имале луциден сон, а 17% имале луциден сон секоја вечер за време на тестирањето. Аспи призна дека луцидните соништа може целосно да се припишат на MILD. Тој забележа дека, сепак, неговата стапка на успех ја надминува онаа на претходните студии на MILD, дури и оние што ги спровел самиот пронаоѓач.
Околу 55 проценти од луѓето имале луциден сон во одреден момент од нивниот живот, но за повеќето луѓе тие се ретки. Самиот Аспи се заинтересирал за луцидниот сон, откако го имал како дете и ја сменил својата докторска десертација за проучувањето на невербалната комуникација откако имал луциден сон ноќта пред да го започне докторатот.
Повеќето луцидни сонувачи се будат бргу, но Аспи тврди дека со доволно вежбање може да се продолжи сонот на еден час. Аспи продолжува да бара уште волонтери за наредната скала во неговиот експеримент.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.