Ова е тажниот миг кога верното куче се збогуваше со сопственикот на умирање. Минатиот месец Рајан Џесен, кој е од Калифорнија, мислел дека има мигрена, но бил хоспитализиран поради излив на крв во мозокот и веќе не закрепнал. На 30 ноември неговите сакани се собрале во неговата болничка соба да си кажат збогум. Болничкиот персонал се согласил да дозволат со него да се зборува и неговото куче Моли.
Емотивниот момент бил снимен на видео и бил споделен на Фејсбук, допирајќи ги срцата на стотици илјадници чуѓе.
„Болницата го стори најљубезното нешто за нас и ни дозволи да го доведеме кучето на брат ми за да се збогува и да знае зошто нејзиниот сопственик веќе нема да се врати дома“, напишала Мишел Џесен, сестрата на Рајан. „Ако го познававте мојот брат, знаете колку многу тој го сакаше своето куче.“
Оваа нејзина објава на Фејсбук била преплавена со коментари во поддршка и најдобри желби.
„Ви благодарам на сите за вашата неизмерна поддршка, но јас повеќе нема да одговарам на вашите коментари“, напишала Мишел.