Алекс Баркер од Ковентри, Велика Британија, и Ерин Смит од Северна Каролина, САД, се запознале на веб-страна и по само 4 состаноци Алекс решил да ја запроси Ерин.

Она што ги прави Ерин и Алекс посебни е тоа што и двајцата страдаат од синдромот Мобиус, кој предизвикува парализа на кранијалните нерви. Тие не можат да се насмејат и скоро секогаш лицата им изгледаат „тажни“. Се верува дека состојбата зафаќа помалку од 1.000 луѓе ширум светот.

45-годишниот Алекс објаснува: „Можам да приметам кога Ерин е среќна затоа што секогаш ја става главата на едната страна и прави ‘оо’ и мислам дека иако не можеме да покажеме израз на лицето, знаеме за нашите манири, па кога ние сме вознемирени или кога сме фрустрирани или што и да е, има многу невербална комуникација. Мислам дека очите многу ми кажуваат, дури и не само Ерин, туку и моето семејство и пријатели секогаш велат дека можат да видат во моите очи како се смеам со очите, знаат дека сум среќен.“

Додека 38-годишната Ерин вели дека многу ѝ се допаднал бритинаскиот акцент на Алекс и дека тие имаат многу заеднички работи, освен истата здравствена состојба.

Парот се консултирал со лекари и тиа има кажале дека доколку одлучат да имаат дете не мора да значи дека и тоа ќе ја има истата состојба како нив.

Сподели на Facebook
пати видено