Дрводелецот Хал Тејлор сака да им чита на своите деца, но кога се родилои неговото трето дете Роуз, тој наишол на проблем – неговите три деца не ги собирало во неговиот скут, па така решил да го направи овој невообичаен стол за лулање.
Среќата сакала Тејлор да биде еден од најдобрите мајстори за изработување на столови за лулање во светот, па така тој осмислил и направил стол кој ги собира сите негови три деца.
Тејлор своето ремек дело го нарекува „Стол за читање приказни“, и оваа негова врвна рачна изработка сега се продава по цена од 7 до 7,5 илјади долари.