Таткото со скршено срце бил принуден да бира помеѓу неговата сопруга и неговото новородено дете со Даунов синдром бидејќи нејзиното семејство премногу се срамело од болеста на детето!

Рузан Балјан, жената на Семјуел Форест, го родила нејзиното прво дете Лео на 21. јануари во една болница во Ерменија. Но само неколку часа по раѓањето, на таткото на новороденчето му бил даден ултиматум од страна на неговата сопруга со која се 18 месеци во брак – или саканата жена или неговиот новороден син.

l01

Мајката на Лео и нејзиното семејство се одрекле од бебето набргу откако било установено дека има Даунов синдром. Таа одбива да го допре, дури и да го погледне нејзиниот син бидејќи во ерменската кулутра се верува дека дете со таква здравствена состојба носи срам за целото нејзино семејство, вели Семјуел, кој по потекло е од Нов Зеланд.

Кога се родил Лео, на Семјуел не му било дозволено веднаш да ги види сопругата и синот. „Педијатарот излезе од собата со мал врзоп…Лицето му беше покриено и болничарите не ми дозволуваа да го видам ни син ми ни жена ми“, изјавил тој за ЕјБиСи Њуз. „Кога дојде докторот, ми кажа `има голем проблем во врска со твојот син`.“

l02

Семјуел бил шокиран од сознанието за Дауновиот синдром на неговиот син, но ни на крај памет не му паѓало да го напушти.

„Ме одведоа да го видам и кажав, тој е прекрасен и совршен и апсолутно го задржувам.“

Кога го однел Лео кај неговата сопруга, таа му се заканила дека ќе го напушти ако планира да го задржи синот.

„Кога овде ќе ви се роди вакво дете, ви велат дека не сте обврзани да го чувате“, раскажува тој. „Мојата сопруга веќе решила, така што сето ова е направено зад мојот грб.“

Една недела подоцна, жената на Семјуел побарала развод.

l03

l04

l05

Семјуел кој за првпат станува татко, сега се обидува да собере средства за да избега од таа источноевропска земја за да може да го одгледа Лео во неговиот роден Нов Зеланд.

Страницата за собирање донации, наречена „Да го однесеме Лео дома“ веќе собрала над 100.000 долари за помалку од 24 часа. Семјуел е зашеметен од одзивот и подршката на која наишол.

l06

„Во раните утрински часови Лео и јас дознавме дека сме ја постигнале целта. Тој е среќник кој ја има поддршката на илјадници пријатели од целиот свет.“ – вели тој.

Парите ќе бидат употребени за обезбедување на куќа во Оукленд, како и за идното образование на Лео. Семјуел планира дел од средствата кои ќе се соберат да ги намени како поддршка за родителите од Ерменија кои одгледуваат деца со вродени недостатоци.

„Вишокот средства би сакале да го споделиме со единственото сиропиталиште во Ерменија кое редовно ги прифаќа напуштените бебиња со Даунов синдром, како и со други организации кои им помагаат на овие деца.“

Првичната цел на Семјуел била да собере доволно средства за да може да си дозволи скратено работно време, за да посвети поголемо внимание на неговиот син.

 

 

Сподели на Facebook
пати видено