Без разлика колку и да се трудиме, празнината во нашите срца која настанала поради губење на саканата личност не може да биде пополнета. Многу луѓе живеат со помислата дека нивните сакани сè уште ги гледаат, внимаваат на нив и ги водат низ животот. За 21-годишната Бејли Селерс нема сомнение дека нејзиниот татко одлучил да остане во нејзиниот живот, дури и по неговата смрт.
„Тој беше мојот најдобар пријател, на светот.“, вели Бејли за нејзиниот татко Мајкл, кој ја изгубил битката со ракот. Мајк секогаш бил тука за својата ќерка и дури бил и тренер на кошаркарскиот тим во кој била Бејли, четири години.
Тој починал неколку дена пред 17-тиот роденден на неговата ќерка и кога Бејли немала желба да го прослави нејзиниот роденден добила едно неверојатно изнанадување. Тинејџерката се изненадила кога на нејзината адреса пристигнал голем букет, наменет за неа, со многу посебна порака.
Букетот и пораката биле од нејзиниот татко, а младата девојка останала шокирана. Истото се случило и наредната година, кога наполнила 18 години. На картичката пишувало: „Среќен 18 роденден. Рашири ги своите крилја и летај, секогаш ќе те сакам! Тато.“
Наредните две години продолжиле да пристигаат букетите од нејзиниот татко. На една од нив пишувало: „Се гордеам со тебе.“ За нејзиниот 21 роденден Бејли повторно добила букет, но овој пат со многу посебна порака. Во писмото пишувало:
„Бејли. Ова е моето последно писмо додека не се сретнеме повторно. Не сакам да пролееш ниту една солза за мене малечка, затоа што сум на подобро место. Ти си и секогаш ќе бидеш најскапоцениот камен кој го добив. Сега е твојот 21-ви роденден и сакам секогаш да ја почитуваш твојата мајка и да останеш искрена кон себе. Биди среќна и живеј го животот во целост. Јас сѐ уште ќе бидам со тебе преку секоја пресвртница, само погледни наоколу и таму ќе бидам. Те сакам Бу Бу и среќен роденден! Татичко.“
Бејли ја споделила својата приказна на социјалните мрежи и добила многу позитивни рекации и 1,5 милиони лајкови.