Знаете кога ќе им кажете на малите деца да кажат што сакаат за роденден, Божиќ или слично и тие ќе кажат нешто неодоливо како плишано мече, топче, балонче, еднорог,братче/сестричка и т.н и т.н, епа еден родител се најде во „непријатна“ ситуација кога очекуваше скромни желби од својата 10-годишна ќерка, но доби сериозни барања кои најверојатно нема ни половина да ги исполни.
Корисникот на Твитер @ A_Johnson412 го сподели списокот на Твитер, пишувајќи: „Мојата 10-годишна ќерка мора да е надвор од нејзиниот ум со овој Божиќен список“. Списокот е прилично детален, со неколку правосписни грешки, но тоа никому не пречи. Девојчето не знаело кои ѝ се приоритетите па си напишало сѐ!
Еве што стои на списокот: „iPhone 11, AirPods, нов Macbook Air, вистинско зајаче, хидрофлаша, облека, шминка, розови тренерки на Puma, Gucci влечки, чанта од Шанел, парфем, есенцијално масло, американски автомобил за кукли за девојчиња, нови чевли, обетки, накит, карирани Ванс патики, GoPro, розова леплива лента, боја за храна и детергент за перење, облека за зајаче, 4000 американски долари, ЛОЛ кукла со кампер и вила, нови чаршафи и прекривка, како и будилник.“
На лушето списокот им бил прилично комичен, а многу од нив се присетија и на нивните желби од детството кои биле многу поедноставни, особено поради недостаток на оваа нова технологија.