2-годишниот Мигел од Бразил страда од Спинална Мускулна Атрофија ретка дегенеративна невромускулна болест, за која третманите се експремно скапи. Затоа почнале да собираат средства за малиот Мигел, за да се купат три дози од лекот Спинза (познат и како Нусинерсен), првиот одобрен лек за лекување на нарушувањето.
Секоја доза чини над 80.000 евра, а на детето му требаат шест рунди на инјектирање, што се администрира во близина на ‘рбетниот мозок.
Благодарение на хуманите луѓе Мигел брзо ги добил најголемиот дел од парите, но за жал има нечовечен татко. 37-годишниот Матеус Алвес, татко на Мигел, наместо да ги искористи парите за лекување на своето болно дете, тој украл над 130.000 евра од сметката на синот за да си го финансира развратниот живот.
Со овие пари Матеус живеел во луксузни хотели, плаќал проститутки и дрога. Сепак казната брзо го стигнала. Полицијата го пронашла во ресорт со 5 ѕвездички во Салвадор и го сместиле зад решетки. Во текот на истрагата откриле дека суровиот татко планирал и да си отвори бордел заедно со партнерка и веќе вложил околу 10.000 евра во „бизнисот“ за да регрутира „работнички“.
Кога полицијата влегла во хотелската соба пронашла колекција на скапи производи, вклучувајќи часовници, накит, парфеми и дизајнерска облека, како и 1000 евра.
Мајката на 2-годишниот Мигел, Карин, која не работи за да се грижи за болното дете, изјавила дека не може да поверува дека нејзиниот сопруг бил спремен на таков начин да го прокоцка животот на нивниот син. Таа се посомневала во својот сопруг уште во мај кога ѝ кажал дека ќе оди на обука за да работи како обезбедување.
Секој ден било се потешко Карин да го добие Матеус на телефон, а во јуни сфатила дека всушност тој цело време земал пари од сметката на синот. Таа веднаш го пријавила случајот во полиција. Поради она што го направил Матеус може да добие 5 години казна затвор и обврска да ги врати парите кои ги украл.