Роса Диаз од Хондурас му соопштила на Мелвин Мендоза, семејството и пријателите дека е бремена со близнаци. Таа не била во најдобри односи со нејзиното момче Мелвин, но тој решил да остане покрај неа додека да ги роди децата.
Пред некој ден таа фатила автобус од нејзиното село до главниот град на Хондурас, Тегусигалпа, тврдејќи дека се упатила кон болницата Ескула во градот за да ги роди нејзините бебиња. Таа ноќ, наводно, ја повикала г-дин Мендоза, член на вооружените сили на Хондурас, да му каже лоша вест, дека еден од близнаците починал при породувањето.
Како што е обичај, таткото и неговите роднини организирале бдеење и го чекале доаѓањето на г-ѓа Диаз и на мртвото дете. Таа пристигнала заедно со мал бел ковчег, но им кажала дека не можат да го отворат ковчегот, затоа што од болницата го запечатиле и ѝ забраниле да го отвори.
Роса исто така тврдела дека другото бебе го оставила во болницата за да се погрижат за него. Бил одржан погреб за починатото бебе, на кој присуствувале повеќе роднини и пријатели. Пријателите го држеле вознемирениот Мелвин, на кој му се слошило додека го спуштале ковчегот во земјата.
Пријателите на Мелвин почнале да се сомневаат во приказната на Роса и инсистирале да го ексхумираат ковчегот. Кога го направиле тоа внатре во ковчегот имало кукла во бебешки алишта.
Девојката на Мелвин всушност го лажела од самиот почеток. Бебето не починало, во болницата не останало другото бебе и не носела близнаци бидејќи таа воопшто не ни била трудна. Роса барала начин како да го задржи Мелвин и откако сфатила дека со бременоста не може да го прави тоа повеќе од 9 месеци, ја смислила приказната со цел нејзиното момче да ја сожалува. Сепак Мелвин одлучил да не ја тужи.