Во Тајланд постои традиција мајките да ги посетат децата во училиштата на денот на мајките и таму заедно да го поминат денот во игри и забава. Мајката на 5-годишниот Озон и 3-годишниот Имсом ги напуштила нив и нивниот татко и заминала во Европа.

Двете момчиња останале сами кога сите на мајки на нивните другарчиња во градинката пристигнале да го прослават празникот со своите деца. Сепак момчињата имаат херој кој сѐ би направил за нив.

 

Нивниот татко, 32-годишниот Чатчај Пурнутај, кој работи како механичар, решил да им приреди мало изненадување на синовите. Тој се појавил во градинката во фустан на нивната мајка, неговата поранешна сопруга и на главата ставил панделка. Децата биле пресреќни што имале со кого да се играат на овој ден.

„Јас сум самохран татко, па сакав да бидам сигурен дека моите синови се среќни. Бев малку засрамен, но она што го направив значеше дека ќе можат да учествуваат во сите активности како и нивните соученици.“, вели Чатчај.

Мајките кои биле на прославата го прогласиле за „најдобрата мајка“ и го пофалиле неговиот неверојатен гест, кој служи како доказ дека родителите треба да се „жртвуваат“ за среќата на своите деца.

Сподели на Facebook
пати видено