Татковците кои им посветуваат големо внимание на своите ќерки се вистински „тренд“ на социјалните мрежи во изминатиот период.
Мајкл Мичел има блог наречен Животот до нејзините години каде што ги собира советите на другите татковци. Мајкл го претвора начинот на татковство во животна филозофија и инспирира многу луѓе од целиот свет.
20. Носете ја на рамениците. Тоа е вистинска магија.
Направете го тоа сега, бидејќи грбот е силен и вашата ќерка е сѐ уште мала.
19. Бидете нејзин херој
На неа ѝ треба ашата поддршка цело време, целиот живот. Таа ќе порасне и ќе почне да бара херој. Најверојатно вие ќе бидете нејзиниот херој.
18. Кажете ѝ колку е прекрасна.
Кажувајте го тоа секој ден. Еден ден списанијата и Холивуд ќе се обидат да ја убедат во спротивното.
17. Уживајте во секој момент поминат со неа.
Денес таа носи пелени, утре ќе ѝ ги дадете клучевите од автомобилот, а пред да забележите, таа ќе почне да го освојува овој свет. Еден ден, таа ќе се сеќава на овој момент. И тоа е непроценливо.
16. Носете ја на риболов со вас.
Најверојатно ќе се ниша повеќе и од црв, но тоа е во ред.
15. Прегрнувајте ја.
Нема многу работи што можат да го смират расплаканото девојче подобро од рамото на нејзиниот татко. Имајте го тоа на ум.
14. Секогаш бидете со неа.
Не ви треба причина за да го поминувате вашето време со вашата ќерка. Бидете заинтересирани за работите за кои таа се грижи. Важно е да се види дека нејзиниот татко учествува во секој момент.
13. Еден ден ќе сака да има кученце.
Не размислувајте за тоа, само кажете „ДА“.
12. Таа е талентирана како и секое момче.
Осигурајте се дека таа го знае тоа и продолжете да ја охрабрувате.
11. Да изгледате смешно кога се играте со неа.
Но, сепак го правите тоа затоа што таа има потреба од такво нешто.
10. Кога ќе научи како да бакнува, ќе ве бакнува по целото лице.
Охрабрете ја.
9. Секогаш ќе ве чека да се вратите дома.
Немојте да доцните.
8. Дозволете ѝ да го држи воланот.
Таа секогаш ќе се сеќава дека тато и дозволил да „управува“.
7. Никогаш не го пропуштајте нејзиниот роденден.
За 10 години нема да се сеќава што сте ѝ подариле, но ќе се сеќава дека сте биле таму.
6. Нејзината интелигенција ќе ѝ помогне повеќе во животот отколку убавината.
Бидете сигурни дека таа го сфаќа тоа.
5. Верувајте ѝ.
Кога ќе порасне дајте ѝ повеќе слобода.
4. Запомнете, таа е пеперутка која еден ден ќе одлета.
Уживајте во годините кога сѐ уште е „гасеница“.
3. Не се грижете премногу за божиќните и новогодишните подароци
Подарете ѝ заеднички моменти.
2. Носете ја на кампување.
Покажете ѝ го овој голем свет.
1. Татковството е вашата главна задача.
Вашите омилени тимови, кариера, ТВ и хоби нема да исчезнат. Но, вашата ќерка ќе порасне и ќе влезе во сопствен живот. Имајте ги вашите приоритети на ум.
Ова е Мајкл Мичел и неговата неодолива ќеркичка.