Можеби звучи сурово, но некои луѓе едноставно не треба да имаат деца, доколку со својата глупост го загрозуваат нивниот живот и не размислуваат за последиците. Неодамна се појави видео во кое „грижлив“ татко му покажува на својот 18-месечен син како да го наполни пиштолот.
Адарш Упадхај од Индија го учи својот син како да ги стави куршумите во пиштолот, а потоа детето безгрижно го вперува оружјето кон себе. Бидејќи и полицијата веднаш се вмешала откако дознале за видеото таткото јавно се извинил, признал дека многу погрешил и се „правдал“ дека го направил тоа само за да го смири детето затоа што „плачело“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!