Неверојатниот татко на три ќерки покажува елегантни балетски движења додека ја држи раката на неговата 2-годишна ќеркичка, која се заледи од трема и почнала да плаче на сцената.

Адвокатот Марк Даниелс воопшто не се срами да ѝ помогне на малата Бела, додека во исто време во рацете ја носи неговата најмала ќерка Сири.

„Бела беше многу емотивна и ѝ беше потребна прегратка од тато. И покрај тоа што имаше трема можев да забележам дека сака да остане на сцената и не сакав да ја обесхрабрам на големиот перформанс и таа да биде единствената која што ќе излезе. Излегов со Сири и стоев до неа обидувајќи се да и ја кренам самодовербата. Ѝ реков дека ја сакам и дека е неверојатна танчерка. Ја прашав дали сака да танцува со татко и таа климна со главата, па мислев да им се приклучам. Вежбав со нив дома, во многу прилики, па затоа не ми беше непознато. Можеби не е премногу доцна да станам балерина!“, вели Марк.

Марк вели дека неговите колеги на работа, судиите, полицајците и членовите на обвинителството му честитале за видеото и правеле интересни шеги на негова сметка.

Сподели на Facebook
пати видено