Ричард Џоунс бил осуден за тежок грабеж со физички напад во 1999 година, откако наводно, украл телефон од жена пред Walmart во Канзас Сити. Сведоците го опишале криминалецот како „Шпанец или Афроамериканец со долга соберена коса“.
Иако Џонс бил во куќата на неговата девојка во времето на злосторството, жртвата го идентификувала како напаѓачот и тој бил осуден на 19 години затвор бидејќи имал претходни пресуди.
Тој се жалел неколку пати, но беше ослободен дури минатата година кога судијата ја поништил својата пресуда откако тимот од проектот „Невиноста“ го пронашле неговиот двојник, со исто име, Ричард Амос, кој живеел во близина на Walmart.
Тие го пронашле Амос откако цимерите во ќелијата на Џоунс му кажале дека многу личи на него. На жртвата ѝ биле прикажани фотографии од двајцата мажи и повеќе не можела да каже дека Џоунс бил нејзиниот напаѓач. Амос не може да биде гонет поради застареност на делото.
Џонс, чии ќерки на возраст од 24 и 19 години пораснале додека тој бил зад решетки, сега поднесе петиција барајќи од државата Канзас да му плати 1,1 милион долари и официјално да ја објави неговата невиност.