Вашиот дом го одразува тоа што сте вие, и тоа е главната причина поради која луѓето го персонализираат нивниот личен простор со уметнички дела и украси кои ним им се допаѓаат. Истото важи и за мебелот – купувате мебел кој ви се допаѓа на вас и со кој ќе се чувствувате удобно…а ако го нема тоа што го барате според вашиот префинет вкус, можете и самите да си направите.
Таткото и синот со осет за „направи сам“ проекти на ова му пристапија со екстра страст и ги изработија најубавите полици за книги коишто воопшто ќе ги видите. Употребувајќи само широко достапно обично дрво, дизајнирааа прекрасни извртени полици кои совршено се вклопуваат во сечија соба.
Завршениот проект изгледа неверојатно!
Првин ги сечат предните панели, кои на полиците им го даваат извртениот изглед.
Потоа ги сечат и парчињата врз кои ќе стојат книгите.
Сите делови за една полица за киги, заедно со двата предни панели, подножните панели и парчињата за книги.
Потоа ги лепат деловите за подножните панели.
Ги спојуваат и предните панели.
Подготвени за бојадисување.
Нанесуваат два слоја боја за дрво и три слоја проѕирен премаз за дрво за краен финиш на полиците.