Тркачкиот автомобил на Мајк Џонс излегол од контрола, откако тој се судрил со друг автомобил и удрил во оградата, а потоа автомобилот се запалил. Мајкл останал заробен во автомобилот 25 секунди додека пламенот се зголемувал. Исплашениот татко, Дин Џонс, кој носел само маичка и шорцеви ја прескокнал оградата за да му помогне на синот.
Тој успеал да го извади Мајк преку прозорецот. Откако го оставил неговиот син на безбедно, таткото-херој се вратил да му помогне на персоналот да го изгасат пожарот. Додека Џонс се извлекол неповреден, неговиот татко потенцијално можел да се соочи со казна од НАСКАР зошто се спуштил на патеката и се справувал со пожарот.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.