Татко од Флорида, САД одлучил да му одржи лекција на неговиот 13-годишен син, откако дознал дека тој ги малтретирал децата во неговото училиште. Мајкл Јагер, го натерал синот Џејкоб да стои на прометна раскрсница и да држи знак на кој што пишува: „Јас сум силеџија. Свирнете ако мразите силеџии.“
„Сфатив дека ќе му одржам лекција која ќе го засрами и ќе направи да се почувствува исто како што се чувствувале тие деца.“, вели Мајкл. Не било потребно многу време за луѓето да почнат да свират од автомобилите.
Неколку минувачи дури и застанале со автомобилите за да разговараат со Мајкл и неговиот син. Полицајците биле импресионирани од овој вид на казна и аплаудирале за воспитната мерка.
Сепак не биле сите воодушевени од постапката на Мајкл. Тој вели дека една жена застанала и му ги кажала сите можни навредливи зборови. Сепак тој смета дека неговата одлука е праведна и дека не мора да им се допаѓа на сите. Џејкоб вели дека научил вредна лекција и дека отсега ќе им помага на соучениците.
„Никогаш не можете да знаете низ што поминува некој. Ако сакате да бидете насилник, ако имате нешто во вас, кое би сакале да го кажете одете кај психологот или кај некој.“, вели младиот Џејкоб.