Откако ми се роди дете, решив дека е време да ја прекинам мојата здодевна кариера на веб дизајнер и почнав да цртам. Почнав со буквата „А“ и нацртав армадило, и секој ден цртајќи по еден цртеж го поминав целиот англиски алфабет.
Сакав да создадам нешто ново за мојот син, нешто што некој ден ќе направи да се гордее со својот татко. Толку ми досадија ужасно илустрираните детските сликовници, па така решив самиот да нацртам илустрации кои потоа ќе ги соберам во илустрирана азбука.
За да се поттикнам себеси да ја постигнам целта секој ден да завршам по една илустрација, го предизвикав мојот пријател секој ден пред полноќ да објавуваме по еден цртеж на Инстаграм со ознаката #SketchAZduel. Резултите излегоа подобри отколку што очекувавме.