Уште кога почнала да оди во градинка, таткото на Брена Мартини знаел со што ќе ја изненади за нејзината матура. Брајан Мартин имал големо трпение и цели 13 години внимателно го подготвувал подарокот за неговата ќерка, кој планирал да ѝ го даде кога ќе заврши средно училиште.

Конечно тој ден пристигнал и Брена била воодушевена од посветеноста на нејзиниот татко. Секој матурант би посакал ваков подарок од родителот.

Ви изминатите 13 години Брајан собирал рачно напишани белешки од сите наставници и директори на училишта во кои одела Брена. Девојчето вели дека на денот на матурата кога нејзиниот татко ѝ кажал дека има подарок за неа, таа помислила дека се работи за обична честитка.

Кога ја видела книгата „Oh the places you’ll go“ која ѝ била омилена се насмеала и се заблагодарила за внимателноста, но тогаш Брајан рекол дека вистинскиот подарок е внатре во книгата. Првата страна почнувала со порака од учителката на Брена во градинка, а завршувала со директорот на средното училиште. Сите напишале што мислат за неа.

Брена вели дека почнала да плаче од среќа, а била многу изненадена кога сфатила дека голем број на луѓе знаеле за овој подарок, но сите успеале да ја сочуваат тајната во изминатите 13 години.

Сподели на Facebook
пати видено