Малата Закура живее номадски живот во долината Вади Келт на израелско-палестинската граница, заедно со нејзиниот татко, нејзините двајца браќа и двете мајки. Сепак наскоро поради традициите животот на 7-годишното девојче може да се претвори во пекол.

Според традицијата на бедуините девојчињата треба да се омажат веднаш штом ќе ја добијат првата менструација, така што според „проценките за вредност“ Закура ќе треба да биде продадена за 50 овци на нејзиниот сопруг кога ќе наполни 11 или 12 години.

Нејзиниот татко Арафат не сака неговата ќерка да ја доживее оваа судбина и кога го запознал режисерот на документарци од Русија, Иван Вдовин го молел да пронајде начин да ја спаси неговата ќерка од суровата традиција. Таткото вели дека се плаши за животот на неговата ќерка затоа што веднаш по венчавката девојчињата се присилени и да раѓаат.

Арафат се запознал со Иван кога му бил водич во негов претходен проект за бедуините. Русинот се спријателил со неговите деца кои биле многу возбудени затоа што воопшто не биле запознаени со светот на технологијата.

Очајниот татко дури и му кажал на Иван дека е спремен да му дозволи да ја однесе Закура во Москва, каде што ќе може да има нормален живот, или да ја ожени за да не заврши во рацете на некој бедуин.

Сепак 27-годишниот Иван го одбил Арафат и му ветил дека ќе собере средства за да сними документарец за Закура и на тој начин ќе ја подигне свеста во светот за судбината на сите девојчиња од овој крај.

Иван објаснува како функционираат девојчињата откако ќе стапат во брак: „Многу години по ред нејзиниот социјален круг ќе биде ограничен на сестри на нејзиниот сопруг, неговата мајка и нејзините деца. Таа ќе почне да раѓа непосредно по свадбата. И ова се случува на околу еден час од Ерусалим.“

Иван вели дека ги собрал потребните средства за филмот и почнал да го спроведува планот и се надева дека наредната година филмот целосно ќе биде завршен.

Сподели на Facebook
пати видено