Оваа искината ленена кошула со V отвор на вратот, изложена во Питриевиот музеј на египетска арехологија е најстарата ткаена облека во светот. Неодамнешното радиојаглеродно датирање спроведено од страна на Оксфордскиот универзитет утврдило со 95 отсто точност дека фустанот бил направен во периодот 3482-3102 г. пр.н.е. Иако од тој период се зачувани и други парчиња облека, тоа се едноставни наметки кои се префрлале или виткале околу телото. Од друга стррана, Тарканскиот фустан е сошиено парче со долги ракави, V-изрез на вратот и тесни набори, кое изгледа изненадувачки модерно.

tf01

Фустанот бил ископан од прочуениот египтолог Флиндерс Питри во 1913 година, од гробница од Првата династија крај Таркан, египетски гробишта лоцирани 50 километри јужно од Каиро. Питри нашол извесно количество на ленена облека под песокот, заедно со други артефакти. Наместо да го фрли ленот како нешто безвредно, како што правеле повеќето археолози од тоа време, Питри решил да зачува и презервира сѐ што нашол како доказ кој некој ден би можел да фрли светлина врз секојдневниот живот на древните Египќани.

tf02

Купчето валкани крпи кои ги нашол Питри биле депонирани и заборавени шеесет и пет години. Дури во 1977 година, кога експертите конзерватори од музејот Петри пребарувале низ купчето го нашле ова парче облека. Кога конзерваторката Шејла Ленди внимателно ја отстранила запечената кал од фустанот, тој бил вратен во живот. Облеката била најдена наопаку, како некој да ја свлекол преку глава. Долниот дел од фустанот недостасува и не може да се процени колку бил долг и дали ова е машка или женска облека, но според големината се претпоставува дека бил носен или од млада тинејџерка или тинејџер или од витка жена.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено