Од мексиканскиот „Остров на обесените кукли“, преку познатата шума во Јапонија, па сѐ до култниот Версај, ви претставуваме приказна за 7-те најпознати проколнати места во светот.

Версај, Франција

vr

Од сите народи во светот, Французите најмалку веруваат во постоењето на духови, ако може да се суди според неколку спроведени истражувања. Така што, не е ни чудно што во градините на Версај дух виделе две Британки, а не Французи. Наводно тие двете на почетокот на 20. век го виделе духот на Марија Антоанета, која тогаш била мртва повеќе од сто години. Оваа приказна и денес кружи како легенда.

Дворецот Гламис, Шкотска

lg02

Еден од најпознатите шкотски дворци е најголемото живеалиште на духови, според раскажувањата, и речиси сите имаат некаква врска со предавство, волшебништво и суровост. Гламис со текот на времето станало место за кое често почнале да кружат гласини дека е посетувано од сеништа, вклучително и на некое фантомско дете од Африка кое, кога била дете, го видела дури и англиската кралица.

Боргватнет, Шведска

lg03

Ловот на духови во Скандинавија со текот на времето се претворил во вистинска секуларна религија. Ако се наоѓате во викаријата Јамтланд и сакате кога ќе се разбудите наутро во вас да се џарат три проколнати жени, тогаш сте на вистинското место. Генерации свештеници овде страдале од привиденија, а целата приказна е толку добра, како да ја режирал големиот Ингмар Бергман…

Шумата Аокигахара, Јапонија

lg04

Оваа мрачна шума се претвори во место од голем интерес за јапонските ловци на демони и духови. Имено, 3500-те хектари на оваа густа шума е едно од омилените јапонски места за извршување самоубиство. При патувањето во близина на оваа шума не се препорачува скршнување од патот бидејќи се појавуваат магнетски аномалии и постои голема можност да се изгубите во шумата.

Островот Повелја, Италија

lg05

Кога минатата година овој остров бил огласен за изнајмување, се појавила приказна дека Венецијанците се премногу суеверни за да ве одведат таму. Островот се наоѓа во венецијанската лагуна и на него има низа срушени куќи, опкружени со приказни за духови кои биле жртви на чума.

Лондонската кула, Англија

lg06

Повеќето кои го посетиле Лондон веројатно го посетиле и ова место, кое покрај својата знаменитост е познато и по приказните за проклетството и сеништата кои се појавуваат таму, при што најпозната е легендата за безглавиот дух на Ана Болејн, на која кралот Хенрик VIII ѝ ја исекол главата.

Островот на куклите, Мексико

kk

На овој остров главна атракција се обесените кукли, кои се припишуваат на некој поединец кој наводно го изгубил разумот кога на островот било најдено мртво дете. Според некои теории, ова е добро осмислена приказна за привлекување туристи, кои навистина во голем број го посетуваат островот за да ги разгледаат морбидните кукли.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено