Тахир Мехмуд бил на вообичаениот работен ден со неговото такси возило, кога во автомобилот му влегол непосакуван патник. Еден маж ставил бремена жена во неговото такси, која требал да ја однесе на локација каде што се наоѓа бордел. Но, наместо да си молчи и да ја заврши работата, херојот решил да делува.
Неименуваната жена пристигнала на аеродромот Лутон на 16 февруари 2018 година, откако одговорила на оглас за работа како масерка во Велика Британија. Жената од Романија била држена како заложничка во лондонски бордел, а потоа била однесена во Ковентри, каде била принудена да позира во долна облека, за фотографиите да бидат објавени на Интернет.
Кога влегла во таксито на Мехмуд жената била вознемирена и плачела, а кога тој ја прашал што ѝ е таа му раскажала за измамата и како не сака да работи како проститутка. Тахих, сопруг и татко на две деца, веднаш повикал полиција и ја однел жената право во полициска станица. Следниот ден полицијата направила рација во бордел и спасила уште неколку жени, а човекот кој ги лажел преку огласот за работа исто така бил уапсен.
Тахир е пофален за својата храброст и тој вели дека иако е таксист од 2004 година вакво нешто прв пат му се случува, но знаел дека треба да ја направи вистинската работа. Од полицијата велат дека храбриот таксист ќе добие некој вид на награда за својата чесност и храброст.