46-годишната Сузан Смит веќе 20 години служи затворска казна за убиство на 3-годишниот Мајкл и 14-месечниот Алекс во 1994 година. Таа била осудена на доживотен затвор откако признала дека ги врзала во автомобилот и го турнала во езеро.

Таа првин негирала дека го сторила тоа и тврдела дека децата биле киднапирани од страна на црнец, заедно со нејзиниот автомобил. Таа има можност за помилување од 2024 година. Оттогаш, Смит своето време зад решетки го „исполнила“ со прекршоци за дрога, секс и самоповредување.

Сузан имала секс со неколку чувари од затворот во текот на годините. Во 2000 година кога имала 28 години таа неколку пати имала односи со 50-годишниот чувар Хјустон Кагел, кој добил 3 месеци затворска казна за аферата. Следната година капетанот на затвор Алфред Роу, исто така бил осуден на 5 години условна казна затоа што имал односи со Сузан.

Таа исто така имала проблеми со дрогата и неколку пати била фатена со марихуана и други наркотици. Таа била дисциплинирана двапати во 2010 година и еднаш во 2015 година за прекршоците, губејќи привилегии повеќе од една година. Привилегии кои можат да се изгубат, вклучуваат посета, кантина и телефонски привилегии. Само во изминатите седум години, Смит е дисциплинирана пет пати за прекршоци кои вклучуваат само-осакатување.

 

Сузан инсистирала дека таа не е чудовиште како што мислат сите и во 2015 година им изјавила на новинарите дека таа планирала да се самоубие, а не нејзините синови, во ноќта на трагедијата. „Јас планирав да се убијам и да оставам писмо за да раскажам што се случило. Не верував дека ќе можев да се соочам со семејството кога ќе се открие вистината. Јас не сум чудовиштето за кое ме смета општеството. Далеку сум од тоа.“, изјавила Смит.

Сузан исто така изјавила дека не знае што се случило таа ноќ. Таа смета дека била добра мајка и дека „нешто многу страшно се случувало во нејзиниот ум“ кога го сторила злосторството. Таа негирала дека ги убила децата за да остане во врска со нејзиното ново момче.

Полицаецот, Озмин задолжен за случајот за Сузан вели дека таа е многу манипулативна и нарцисоидна личност и дека многу лесно ги убедува мажите. Тој смета дека таа уживала во вниманието кое го добила од новинарите и дека се обидувала да глуми „жртва“. Исто така Озмин вели дека Сузан има и девојка во затворот, на која што не и го токрил идентитетот, но вели дека се работи за голема жена која личи на маж.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено