Чарлс Билич и неговата жена Криста се во брак триесет години и веруваат дека цело време ја знаеле тајната за долга и среќна врска – да спијат со други луѓе. Многумина не би се согласиле со ова, но изгледа дека за нив функционира, бидејќи не само што долги години се заедно, туку како што тврдат, се уште се лудо вљубени еден во друг и тврдат дека секогаш се ведри и многу среќни.
„Бракот бил смислен во времето кога просечниот животен век на човекот бил триесет до триесет и пет години и луѓето тогаш просто немале време да истражуваат други работи, вели Чарлс. Неговата сопруга Криста се согласува, но тврди дека пред да се запознае со него никогаш не била во отворена врска.
Тие се запознале во 1980-тите, кога Криста дошла во галеријата на Чарлс и купила четири слики. Тој ѝ кажал дека како бонус за купените слики, тој ќе ја нацрта неа бесплатно. Чарлс е познат по тоа што црта и слики голи жени, и поради тоа таа била малку нервозна, но се согласила. На договорениот ден, Чарлс го подготвил својот прибор за цртање, а Криста се соблекла.
„Се соблеков и пак влегов во просторијата“, раскажува таа, „а тој имаше израз на шокираност на своето лице. Ме погледна и ми кажа: Но, јас мислев само главата и рамениците.“
Набргу почнале да се забавуваат, и не поминало долго време кога почнале да разговараат за отворена врска.
„Уште на самиот почеток беше јасно дека Чарлс не е обичен тип“, вели Криста. „Знаев за неговата ужасна репутација на женкар.“
Таа вели дека на почетокот било тешко и таа често размислувала за тоа што навистина би сакала. Но, набргу почнале да ги „искористуваат шансите“ и да се запознаваат и забавуваат со нови луѓе. Се уште го прават тоа и велат дека таквиот брак е многу поздрав.