31-годишната Тарин Вилијамс уште кога била дете имала навика да прави необични промени. Откако поранешната манекенка била регрутирана од модна агенција кога имала само 15 години, решила и таа самата да основа своја агенција за манекенство, на само 21 година. Агенцијата се вика WINK и се фокусира на еднаквост на манекенките и можност за фер плата.
Подоцна г-ѓа Вилијамс направила уште една необична промена во нејзиниот сектор програма наречена „The Right Fit“, каде што моделите можат да се сретнат со клиентите без да имаат потреба од менаџер како посредник.
„Најбрзиот начин да го уназадите вашиот бизнис е да стоите во место,“ вели Тарин.
Тарин вели дека таа секогаш го имала во себе тој претприемачки дух, така да кога го почнала својот прв бизнис на 21 година, никој не бил зачуден.
„Навистина бев опседната со контролирање, во почетокот и имав голем страв од делегирање. На почетокот јас правев се, од јавување на телефон до водење на книгите. Но сфатив колку е важно да се вработи успешен тим кој може да ве инспирира и на кој можете да му верувате. Јас не се разбирав во пари, но кога вработив одличен сметководител научив колку е важно да се разбере сопствениот финансиски модел,“ изјави г-ѓа Вилијамс.
Вилијамс има неколку совети кои што ги стекнала за време на нејзиното 10-годишно искуство, за жените претприемачи:
„Опкружете се со добри луѓе кои ве инспирираат и никогаш нема да се чувствувате сами.“
„Има многу жени кои се плашат да кренат рака и да побараат совет. Добар ментор е секогаш добар избор.“
„Во текот на годините јас имав повеќе ментори и скоро секој ден разговарам со мојот сегашен ментор. На сите ни е потребна појдовна точка. “
„За да просперирате како претприемач треба да бидете цврсти и издржливи.“
„Бидете спремни за предизвици и на крајот на месецот запрашајте се што сте постигнале.“
Тарин вели дека нејзиниот бизнис ја исполнува и се надева дека наскоро ќе дојде до идеја за уште еден успешен бизнис.