Ги има сите елементи на хорор филм: еден обичен христијански пар посвојува симпатично девојче, само за да открие дека е возрасен социопатен маскиран како дете.
Ако сценариото ви звучи познато тогаш треба да знаете дека има таков филм од 2009 година наречен „Orphan“.
Сепак оваа приказна е реална и ја раскажа мајка на три деца која беше обвинета дека ја напуштила ќерката која ја посвоила. Кристина Барнет (45) и нејзиниот поранешен сопруг Мајкл Барнет (43) наводно ја напуштиле својата посвоена ќерка од Украина, Наталија Грејс во стан во Лафајет, Индијана и еден месец подоцна се преселиле во Канада.
Полицијата соопшти дека девојчето било оставено да се грижи за себе три години и покрај тоа што има ретка форма на џуџест раст, што значи дека е висока 90см и има проблеми со одењето. Кристина инсистира на тоа дека има голем пропуст во нивниот случај: Наталија не била 9-годишно девојче во тој момент, туку таа всушност имала 22 години.
„Таа стоеше над луѓето среде ноќ. Не можевме мирно да спиеме. Моравме да ги скриеме сите остри предмети. Ја видов како става хемикалии, белило, во моето кафе и ја прашав, што правиш? Таа рече: ‘Јас се обидувам да ве отрујам’. Медиумите велат дека сум запоставила дете, но тука нема никакво дете. Наталија беше жена. Таа имаше менструален циклус. Имаше заби за возрасни. Никогаш не порасна ниту еден инч, што би се случило дури и со дете со џуџест раст.“, вели Кристина.
„Лекарите сите потврдија дека страда од тешка психолошка болест, дијагностицирана само кај возрасни. Скокаше од автомобили во движење. Размачкуваше крв на огледалата. Таа правеше работи кои никогаш не би можеле да замислите дека би ги направило мало дете.“, додава Кристина.
Пред да добијан кривична пријава за Наталија, Кристина и Мајкл биле сметани за примерни родители и нивниот син Џејк Барнет го прогласиле за дете „генијалец“. Дијагностициран со аутизам на две години, Џејк сепак го објави својот прв академски труд на 12 години, а на 15 години студираше на престижен институт за физика.
Таа вели дека имале само 24 часа да ја посвојат Наталија па затоа не се запознале подобро со девојчето. Првите неколку месеци ја опсипувале со внимание ја однеле во Дизниленд, но приот чуден момент се случил кога ја однеле на плажа. Нејзините браќа трчале кон водата, а Наталија побарала татко ѝ да ја однесе затоа шт не може да оди. Тој ѝ кажал дека ќе ја однесе само да одмори малку. Во тој момент Наталија станала и отрчала кон водата, а Кртистина и Мајкл останале шокирани.
Кога ја капела исто така била шокирана што девојчето има влакна низ целото тело. Таа исто така не знаела да зборува Украински ниту пак имала странски акцент. Кога пронашле и крвава облека сфатиле дека Наталија има и менструални циклуси.
Дури и откако Наталија се обидела да ја турне Кристина на електрична ограда и завршила во психијатарска установа, жената сѐ уште не сакала да ја напушти. Неколку специјалисти успеале да утврдат дека девојката има 22 години и Кристина и изнајмила стан во кој да живее, но не сакала да има никаков контакт со неа. Исто така сакала да ѝ уплати да запише колеџ, но Наталија одбила.
Сега Кристина вели дека не може да разбере како таа и нејзиниот сопруг се виновни, иако направиле сѐ само за да помогнат, а за возврат добиле хорор приказна.