Кога прв пат луѓето ги погледнаа плановите за изградба на новиот стаион во Катар каде што треба да се одржи Светското првенство забележаа дека има прилично необична форма, која не е карактеристично да се употребува во ваква конзервативна држава. Во видеото подолу можете да видите како изгледа стадионот и внатре.
Всушност стадионот наликува на женски полов орган и поради тоа сите почнаа да го нарекуваат „Вагина стадион“. Стадионот на Ал Вакрах ќе биде домаќин на натпревари до четврт-финалето и содржи иновативна технологија за ладење за да ги намали температурите за 40.000 навивачи.
Тој беше дизајниран од страна на починатиот архитект Даме Заха Хадид, кој неочекувано почина од срцев удар во 2016 година, на возраст од 65 години.
Кога плановите за стадионот биле за прв пат објавени во 2013 година било наведено дека е инспириран од традиционален арапски чамец за риболов. Сепак архитектот бил прилично лут кога дознал дека го исмеваат неговото ремек-дело.
Сега конечно стадионот е готов и остануваат да се испланираат деталите во врска со првенството и самата организација.