Свршеникот на жената која беше снимена како се бакнува со друг маж за време на моминската вечер ѝ простил на својата идна невеста и се согласил сепак да се ожени со неа. Свршеникот на Ема Алисја Паз Ајала ја беше откажал свадбата откако таа била снимена како страсно се бакнува со непознат за време на нејзината моминска вечер во одморалиштето Плаја дел Кармен, во мексиканскиот град Канкун. Видеото стана вистински хит по социјалните медиуми, привлекувајќи бројни коментари.