Еден човек од Кина е уапсен поради обид за убиство на својата бремена сопруга со тоа што ја туркал од карпа за време на нивното патување во Тајланд.
32-годишната Ванг Нан била турната од 34-метарска карпа од страна на нејзиниот сопруг. Тој тврдел дека Ванг се оснесвестила и случајно паднала од карпата, но ситуацијата ѝ била сомнителна на полицијата.
Пред да биде префрлена жената во болница преведувачот ја слушнал како вели: „Зошто ми го направи ова?“ Ванг се здобила со скршеници на левиот колк, рака, клучна коска и колена.
За среќа нејзиното бебе е добро. Ванг која е во третиот месец на бременоста во болницата првин молчела затоа што сопругот постојано бил со неа и се плашела за својот живот.
Но, откако останала насамо со полицајците им кажала дека тој ја турнал. Нејзиниот сопруг Ју Хиаудонг имал огромен број на долгови и решил да ја убие својата сопруга за да го наследи нејзиното богатство од 3 милиони евра, за да си ги исплати долговите.
Бремената жена била пронајдена од турист кој повикал помош, а за прв пат сопругот им бил сомнителен на полицајците откако стоел подалеку од сопругата кога пристигнало амбулантното возило. Сопругот е уапсен и треба да биде екстрадиран во Кина за да му се суди.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!