26-годишниот Сатоши Уемацу упаднал во центарот за лица со попреченост кршејќи еден од прозорците, по што убил 19, а сериозно повредил 26 луѓе додека тие спиеле. Овој чин јапонските власти и медиуми го опишуваат како најлошто масовно убиство во земјата по Втората светска војна.

ue01

Уемацу, кој е поранешен вработен во центарот Цукуи Јамајури ен во Сагамихара, град во близина на Токио, бил уапсен откако самиот се пријавил во полициска станица, 30 минути по грозоморниот чин, велејќи: „јас го сторив тоа.“ Јапонските медиуми известуваат дека изјавил: „Сакам да го ослободам светот од лицата со попреченост.“

ue02

Уемацу испратил писмо до Тадамори Ошима, претседател на долниот дом на јапонското собрание, во кое побарал еутаназија за лицата со попреченост. Во тоа писмо Уемацу опишал детални планови за тоа како планирал да изведе таков напад во текот на ноќта кога персоналот спие, а потоа да се пријави во полицијата. Со ова, како што напишал тој, ќе се стимулира светската економија, а можеби ќе се спречело и Трета светска војна.

ue04

„Сега е време да се изведе револуција и да се донесе неизбежна, но тешка одлука во име на целото човештво“, напишал очигледно лудиот Уемацу. „Мојата цел е свет во кој во случаи на сериозна попреченост тие лица не можат да живеат дома и да бидат социјално активни, да можат да бидат еутанизирани со согласност на нивните старатели.“

По испорачувањето на писото, тој бил одведен во болница, но две недели потоа бил пуштен.

ue05

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено