Персоналот кој работи во црква во Мемфис, Тенеси ѝ рекол на една жена која се пријавила за работа ккао чистачка: „Извинете не сакаме да бидеме непристојни, но кучето не сака црни луѓе.“
Чистачката Лашундра Ален не можела да поверува дека некој ќе ѝ каже ваков изговор. Свештеникот вели дека кучето на црквата, Цезар, е „малку расист“.
Свештеникот Ковал вели дека Цезар имал „лошо искуство со непознати кои се Афроамериканци уште кога бил мало кутре“. Инцидентот се случил кога Емили Вивер, бела чистачка, ја донела Ален во католичката црква во Колиервил за да ги преземе нејзините должности.
Ален вели: „Не знаев што да кажам. Тие се однесуваа како јас да требаше да бидам во ред со тоа. Се шегуваа на таа сметка, а јас мислам дека тоа не е ок. Само што ми кажавте дека не сум добредојдена во вашата куќа затоа што сум со различна боја на кожата.“
Како одговор, Католичката епархија на Мемфис рече дека третманот на Ален од страна на црквата не е „мотивиран од расистички животни“. Во изјавата, од владиката Дејвид Тали, се вели дека Цезар станал – нешто повеќе вознемирен првин околу странци со потемна кожа, сè додека кучето не ги запознае. Но, Ален не добила можност да го запознае Цезар.
Жената сака да преземе правни мерки против црквата. А да бидеме искрени како за „расистичко куче“ Цезар е прилично црн…