Добар ден, јас сум Душко Манески од с. Црнобуки битолско, роден сум 1938та марто, ама тогај имало многу снег татко ме пријавил во Априло, некој чоек одел тогај вград и овој му рекол да ме пријави.
Иначе моето име ми е од дедо ми Тодор, Тоде го викаја, јас понего сум крстен. Тогај скришно не крштеваа попо дома идаше, оту пред црква стоеја душманине и кодошее кој ојт вцрква и не апсеја по куќи. Сега сум пензионер, а иначе порано работев во свиларата го ложев парното, па 94` ме испуштија од работа како технолошки вишок и дури 98` зедов пензија. Сега работам земјоделие, имаме многу имање кај њас в село.
Времињата дојдоо внучко најтешки досега, никош вака толку тешко не било. Ко бевне во социјализмо, ко беше ТИТО главен шо се вели, за сите имаше по една кифла солена и по една со мармалад и сите беа задоволни, најадени, А СЕГА ШО НЕМА ЗА ЈАДЕЊЕ КОЈ ШО САКА МОЖИ ДА КУПИ И ПАК НЕ МУ ЧИНИ. Многу лошо дојде внучко тогај се знаеше во петок грав посен и готово, никој не смееше да зуцни, абе убајна,ако преречи некој нешто одма го врлаа в апс.
Порано во времето на Бранко госпо здравје да му дај, никој пат да нумри, ко не испуште од работа на коперација се отепавне карти играње, домино, шах, табла, пивце си пијавне, по некоја ракиичка, то време беше пубо него ТИТО ко беше. Ништо не работевне, пчејнцата 7денари, зелката 7 денари, кромидо 5 денари, житото 7 денари, тутуно 30 денари, грозјето 7 денари, никој ништо не работеше, госпо здравје да му дај. Ама ко по некое време кизнај во народо шо ИФТИЗАР се стори го менаа Бранко.
Ко дојде она Груевсконо огно да го потпалит, субвенција за житото, субвенција за тутуно, субвенција за тиквите, субвенција за зелките, субвенција за овошјето, сетнем му текна и машиње ни дадоо, малку му беше шо рмбавне по нивје уште машиње ни дадоо за поќе да одаме да копаме. Сетнем кизнај шо го вркна субвенции за деца даде, ДЕМЕК 24/7 ДА СМЕ РАБОТЕЛЕ, немало спиење дури се градела државата. Кај одаме по нивје и дома ноќта, наместо да спија децата да одмараа, тие ги натераа да се ОНАДА за деца да раѓаа и за секое дете субвенција. ГО ИСПИЈА НАРОДЕЦО, да не можи чоек да одмори.
Ама не знам шо и натера да го менват Бранкота. Сетне ги кренал пензите три четири пати по 10сетина проценти, мореее шо напрајл на пет месеци по една 1000ка ни дава плус, немојш една гајба пиво да купиш и мезе. Ама некни она Ристана на Атанас Митрески, мечката шо е пресрете на бафффча, ми вика “МОРЕ ДУЛЕ АКО ТИ СКРАТАТ 300 ДЕНАРИ ОД ПЕНЗИЈАТА ОЧИТЕ НА ПЕЦЕ ПОШТАРО ЌЕ МУ ГИ ИЗВАЈШ”, та за Груевсконо е заколната.
Ни се запусте селото внучко еден чоек не остана, сите нис поле заминаа да работат, нема луѓе за шах да изиграме, а не за нешто друго, коперацијава празна зејт, а порано еее да се врата тие времиња, штубо напрае Бранко алал да му е,СИТЕ ФАБРИЧИНА ГИ ЗАТВОРЕ, ЕДЕН ОЏАК НЕ ПРОЧАДЕ, БИТОЛА ЕКОЛОШКИ ГРАД ГО НАПРАЕ, способно дете алал да му е. Сеа ако дојт да можи и РЕК да го затвори, оти целио воздух од РЕК се загадува. Ете сеа стана снего, уште малку ќе почниме да работаме, некни ни дадоја пари за да купиме ѓубрива вештачки, ах шо ни напраја сеа треба и то да го фрламе за земјата поќе да родела. Ни дадоја договор лани за 6 тона тутун, ама сино 7 и пол напрае, ај моли коли па сио ни го зедоја, па сино куќарето го потпрае и кола си купе ПАСАТ сио кожа натре.
Ајде внучко биди ми поздравен и да знајш ко сега што е, никош не било. Да е поздравиш стринати Илина и да е кажиш оту арни сне сите, РОВЈА НЕ НЕ БИЈЕТ, ај здраво!!!
Автор: Виктор А.К.А. Башлак
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.