Фотографот Џеј Филбрик и неговата сопруга Вики ги носат нивните клиенти на застрашувачки свадбени фото-сесии на карпа висока 106 метри над земјата во државниот парк „Ехо Лејк“ во Њу Хемпшир. Ги спуштаат клиентите по карпата и ги фотографираат облечени во свечената свадбена облека со величествено изгрејсонце во позадината.

„Сакам да ги изведам луѓето и да им дадам незаборавно искуство, не само одлични фотографии, туку и искуство коешто никогаш нема да го заборават“, вели Џеј Филбрик. „Некои луѓе мислат дека сликите не се вистински, така што навистина почнавме да се трудиме многу и околу другите нешта, а не само за сликањето“, додава Вики.

Порано Џеј бил професионален планински водич; за време на фото сесиите тој работи заедно со Џастин Макомбер како трет фотограф, како и со Марк Шовин, планински водич, па така неговите клиенти дефинитивно се во сигурни раце. Филбрикови исто така сакаат да истражуваат и други невообичаени сценографии, како длабоки бунари и стрмни снежни падини.

sv01 sv02 sv03 sv04 sv05 sv06 sv07 sv10 sv11 sv12 sv13 sv14 sv15 sv16 sv17 sv18 sv19 sv20 сv08 сv09

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено