Мајката најубаво си го познава своето дете, затоа што знае како го воспитала и на какви вредности го научила. Така оваа мајка со години го подготвувала свадбениот подарок за синот и тој ги воодушеви не само синот, туку и снаата и останатите гости.
Додека бил дете, мајката секоја вечер пред спиење му ги проверувала џебовите и му ги собирала сите детски глупости кои се наоѓале таму. Од мали играчки, до џамлии и некој интересен предмет најден на улица. Предметите изгледаат обични, но секој од нив буди далечни спомени кај синот. Мајката изработила уникатна столна ламба, во која ставила да се гледаат сите овие предмети.