На младенците не им е лесно при организирањето и за време на свадбата, бидејќи мораат да се справуваат со секакви карактери. Но, една идна невеста доби неочекувано изненадување кога нејзините роднини одбија да присуствуваат поради нејзиното инсистирање да се служи само вегетаријанска храна.
„Таа е непопустлива во нејзината желба свадбата да биде веганска“, вели мајката на невестата. „Јас немам ништо против тоа, ја поддржувам и нејзино право си е да одлучи како сака. Ги испративме поканите и јас помислив дека би било добра идеја да се вклучи и информацијата за вегетаријанската храна. Потоа многу гости едноставно нѐ информираа дека нема да дојдат ако храната биде таква. Морам да кажам дека тоа беше неочекувано, многу од роднините се традиционални и јадат месо, но не очекував ова да биде толкав проблем.
Навистина сум фрустрирана. Вчера ќерка ми кажа дека размислувал ада ја откаже целата оваа работа и мисли дека нејзините гости се неразумни. Можеби не требаше да ја ставам таа информација на поканите?“
Откако мајката го објавила ова на интернет, добила најразновидни реакции. Некои ја поддржувале ќерката, велејќи дека е нејзино право да си ја организира свадбата како што сака. Но, има и некои кои велат дека не би се чувстувале пријатно на свадба на која не се служи месо.
„Извинете, но кога јас би ви бил гостинка, би се ужаснала од таквата храна. Би била учтива, но храната би оставила извесен лош впечаток на прославата“, вели една коментаторка. Како би постапиле вие во ваков случај?