Споменик познат како „Шпански Стоунхенџ“ е откриен од летна суша по 50 години под вода. Камениот круг, официјално именуван како Долмен на Гвадалпера, е потопен под резервоарот „Валдекачас“ во Шпанија од 1963 година.
Иако можел да се види делумно во последните пет децении, ова е првпат од 60-тите години, целиот споменик да е видлив.
Појавата на камењата е резултат на рекордно топло лето во Шпанија, за време на кое двата топлотни бранови предизвикаа суша што го намали крајбрежјето на резервоарот и ја донесе градбата на суво земјиште. Земјата доживеа над-просечни температури во почетокот на сезоната, која продолжи во септември. Јуни го одбележа третиот најсушен месец со кој Шпанија се соочи овој век.
Изграден пред околу 7.000 години, Долменот на Гвадалпера е составен од 150 гранитни камења, од кои некои се врежани, стоеле вертикално во кружна формација. Камењата формираат централна комора во форма на јајце во должина од пет метри, како и пристапен коридор во должина четири пати поголема.
Резбан камен висок два метри стои на влезот во централната комора, со ознаки за кои археолозите веруваат дека ја претставуваат реката Тагус; реката која била уништена за да се создаде резервоарот Валдекачас.
Се смета дека Долмен од Гвадалпера првично имал покрив и можеби служел како гробница, трговски центар или како место за изведување верски ритуали. Според „Локал“, Римјаните биле првите што го ценеле местото пред да го посети германскиот археолог Уго Обермаер во 1926 година. Споменикот бил потопен кога резервоарот бил изграден под диктаторот Франциско Франко во 1960-тите.
Откако се појавија камењата ова лето, група локални жители започнаа петиција да се оддалечат од езерото, во страв дека водата ќе ги уништи, одземајќи го значајното парче од предисториска Шпанија. Гранитните камења се порозни, а годините поминати под резервоарот им нанеле загуби.