Францускиот католички свештеник Жак Лакрој говорел за неговиот срам, откако морал принудно да се пензионира по нападот на расплаканото 2-годишно момче за време на неговото крштевање. Видеото од суровиот однос на свештеникот можете да го видите тука.

89-годишниот Жак се обидел да се оправда пред јавноста: „Тоа беше некаде помеѓу галење и шлаканица, се надевав дека ќе го смирам, не знаев што да правам. Детето многу врескаше и морав да му ја свртам главата за да истурам вода над неа. Му реков ‘смири се, смири се’, но тој не се смири. Се обидов да го држам блиску до мене. Само сакав да се смири. Се извинив за мојата несмасност кон семејството. Сега ја завршувам мојата служба, тоа беше моето последно крштевање, има крај за сѐ.“

Жан-Ив, епископ во Мо, изјавил дека „презел мерки за свештеникот да биде суспендиран од сите прослави на крштевање и брак.“ Тој вели дека отецот Жак бил виновен за „губење на свежината што може да се објасни, но не и да се оправда.“. Тој додава: „Овој гест е уште поопасен, бидејќи крштевањето е наменето да биде среќен момент, но умот и поодминатата возраст играле голема улога.“

Епископот вели дека родителите го прифатиле извинувањето на свештеникот.

Сподели на Facebook
пати видено