Шокантни снимки покажуваат како негувателка од Кина врзува старец во инвалидска количка со јаже за дрво затоа што имала „итна ситуација“ со која морала да се справи дома. Случајните минувачи кои го забележале инцидентот веднаш побарале од жената да го одврзе човекот, а таа се правдала велејќи им дека тоа што го направила „не е голема работа“.
Пензионерот изгледал прилично вознемирен и не можел да зборува. Еден маж ѝ се обратил на негувателката: „Како би се чувствувале доколку ќерка ви ви го направи ова?“. Бидејќи суровата жена го врзувала старецот за вратот сведоците велат дека неговиот врат бил црвен. По критиките негувателката заминала заедно со старецот, а присутните ги предале снимките на полицијата, која работи на расчистување на случајот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!