Сурферот од Бразил, Родриго Коха успеал да сруши светскиот рекорд и да сурфа на највисокиот бран досега. Родриго го „фатил“ огромниот бран од 24 метри во Португалија, Назаре и неговиот рекорд бил поврден оваа сабота на World Surf League’s Big Wave Awards во Калифорнија.
Родриго кој го ризикувал животот за да го „фати“ овој бран вели дека тоа му бил „најдобриот ден во животот“. Претходниот рекорд изнесувал 23,77 метри, направен од Гарет Мекнамара во 2011 година.
Исто така на манифестацијата биле доделени и други награди за останатите учесници на натпреварот во Назаре. Награда добил и Британецот, Ендру Котон, откако преживеал ужасен пад за време на натпреварот во Португалија.