Се враќа мажот во раните утрински часови после пијанка. Влегува многу тивко и внимателно, но жена му го пречекува со зборовите:
– Каде беше, Супермене мој!?
– Пааа… Во кафана бев…
– Да не си бил со некоја жена, а, Супермене мој!?
– Нееее! Бевме со Коле двајцата…
– А да не сте оделе по проститутки, а, Супермене мој!?
– Не ма, не! Само пиевме… А зошто ми викаш Супермен?
– Затоа што само Супермен и ти ги носите гаќите над панталоните.