Легендарниот Челичен Човек неодамна направи лет над Викторија Парк во Лондон како забавен трик изведен од Бери Крег, кој го закачил пластичниот херој за камерата-дрон Фантом 3.
Крег, кој е професионален ретушер со страст за воздушна фотографија, на Редит објаснува зошто камерата беше толку несигурна при летот. „Камерата на Фантом се прикачува на кардан кој го стабилизира кадарот. Фигурата на Супермен беше закачена за тркалото на леталото, па така не беше стабилизирано како камерата.“