За многу луѓе, нивните омилени суперхерои им обезбедуваат доживотна инспирација, дарувајќи ги со морален кодекс со кој тие можат да комуницираат со светот со малку повеќе внимание. Секој од нас во одреден дел од животот посакал да е суперхерој, без разлика дали станува збор за детството за да се одбрани од насилниците, или пак во возрасниот живот за да си ја отвори теглата со краставички без мака.
Но, ретко кој сфаќа дека за да се биде суперхерој е потребно само големо срце и влегува без размислување во таа улога.
За Крис Ван Дорн, неговото животно дело е длабоко под влијание на зборовите на Бетмен, и тој целосно се посвети на животното мото на Бетмен: „Не ме дефинира кој сум под маската, туку она што го правам.“ Како основач на непрофитната организација „Batman4Paws“ Крис патува низ Америка наоѓајќи им домови на бездомните животни.
Секако сето ова го прави додека е облечен од глава до пети како Бетмен и замислете „лета“. Крис ја добил идеја да им помага на животните откако пронашол куче скитник полно со болви и крлежи, го исчистил и решил да го однесе кај неговиот татко да го чува.
Бдејќи Крис е лиценциран пилот го однел кучето со неговиот мал авион. Така му дошла идејата да ги пренесува и другите кучиња кои биле оставени да лутаат низ улиците и го основал „Batman4Paws“. Иако ги пренесува животните со сите можни средства неговиот омилен начин е летањето.