7-годишниот Макс од Хјустон поканил 30 другарчиња на неговиот роденден во игротеката. За жал од сите поканети дошол само еден негов пријател и Макс бил разочаран. Неговата мајка Сузи пратила писмо до локалната радио станица предложувајќи им да говорат на темата дека родителите треба навреме да одговорат на поканите за роденден, затоа што во ваквите ситуации детето претрпува голема тага.
Но, наместо да го сфатат тоа како идеја од радиото го прочитале во етер писмото на Сузи. Содржината ја слушнал член на хуманитарно друштво.
Тој ги собрал своите колеги и заедно одлучиле повторно да му приредат забава на Макс, но овој пат со сите негови омилени суперхерои.
Преку радиото „суперхероите“ ја контактирале мајката и заедно испланирале забава во истата игротека каде што Макс прв пат го славел роденденот.
Овој пат пристигнале и пријатели на Макс кои претходниот пат не можеле да дојдат. Сега забавата на Макс броела 40 луѓе, вклучувајќи ги и суперхероите.
Малиот Макс бил изненаден и преплавен со емоции. Тој не можел да ја тргне насмевката од лицето за време на забавата.