Фамилијата Марсилис се скоро па суперхерои од реалниот живот. Шест членови на ова италијанско семејство имаат ретка генетска мутација што предизвикува да имаат екстремно ниска чувствителност на болката, што значи дека имале скршени коски и болни повреди кои едвај ги забележале. Згора на тоа, тие, исто така, можат да јадат лути чили пиперки со леснотија.
Научниците неодамна го проучуваа ова фасцинантно семејство во надеж дека ќе ги пронајдат одговорните гени, па дури и ќе создадат нови методи за олеснување на болката. Нивните наоди беа објавени оваа недела во списанието Brain. „Членовите на ова семејство можат да се запалат или да искусат фрактури на коските без да почувствуваат болки. Но, тие имаат нормална густина на нервните влакна во внатрешноста на телото, што значи дека нивните нерви се таму, тие едноставно не работат како што треба“, вели авторот на студијата на д-р Џејмс Кокс од Универзитетскиот колеџ во Лондон.
„Ние работиме за да стекнеме подобро разбирање за тоа зошто не чувствуваат многу болка, за да видиме дали тоа може да ни помогне да пронајдеме нови третмани за намалување на болката.“, додава Џејмс.
Членовите на семејството „обдарени“ со оваа варијанта на ген вклучуваат мајка (78 години), нејзините две ќерки (на возраст од 52 и 50 години) и нивните деца (две момчиња и една девојка, на возраст од 24, 21 и 16 години). За да искажат почит кон семејството – единствените познати луѓе со оваа генетска мутација – истражувачите ја нарекоа состојбата Марсилис синдром.
Летиција Марсилис, 52-годишниот член на семејството со оваа состојба, објаснила дека никогаш не ја гледале состојбата како негативна, иако има свои недостатоци. Како прво, тие често ги оштетуваат устата со топли пијалаци, бидејќи не се свесни дека ќе се изгорат. Исто така, нејзиниот 24-годишен син има екстремно деликатни зглобови поради бројни микрофрактури стекнати додека играл фудбал.
Таа изјавила дека нејзиниот помлад син Бернардо (21) имал калцификација на лактот без да сфати дека го скршил откако паднал од неговиот велосипед. Тој продолжил да вози уште 14 километри. Летиција вели дека го скршила своето десно рамо додека скијала, но продолжила да скија целото попладне, а отишла во болницата следното утро, бидејќи нејзините прсти трпеле. Истото се случило кога таа скршила коска во лактот играјќи тенис.
Сепак оваа семејство научило како да живее со генетската мутација која „кружи“ во нивното семејство.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.