Сузан Браун, 65-годишна пензионерка од Велика Британија била спасена во Атлантскиот океан откако се обидела да плива по крузерот кој заминал без неа. Била извадена премрзната откако пливала повеќе од од четири часа во морето со надеж дека ќе го стигне својот брод „Марко Поло“.

bb01Се смета дека скокнала во водата откако помислила дека нејзиниот сопруг Мајкл – со кој претходно се скарале – се качил на бродот без неа. Цврсто држејќи ја својата рачна торба, г-ѓа Браун испливала околу 500 метри, почнала да чувствува замор. На крајот ја забележале рибари кои што ги слушнале нејзините исплашени повици за помош.

bb02

„Само го видов нејзиното бледо бело лице како се појавува од водата“, вели еден од рибарите. „Беше едвај при свест, има среќа што остана жива. Мислам дека не би издржала уште некоја минута повеќе. Отпрвин мислев дека паднала од бродот. Си помисивме, фала му на Бога што ја најдовме, беше толку премрзната што едвај можеше да зборува, ја покривме и повикавме помош по телефон.“

bb03
Според рибарите, имала среќа што морето било мирно и што можеле да ја видат благодарение на полната месечина.

Сподели на Facebook
пати видено